Во Хрватска 367 новозаразени, починаа двајца


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 367 нови случаи со инфекција од корона вирус, а бројот на активни денеска изнесува 1.782.

Меѓу нив, 192 пациенти се во болница, од кои 20 на респиратор.

Починаа уште двајца пациенти од последиците од Ковид-19.