Во Хрватска 36 новозаразени, а четворица починаа


Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани 36 нови случаи на инфекција со корона вирусот, а бројот на активни случаи денес е 738 (исто како и вчера).

Меѓу нив, 131 пациенти се во болница, од кои 6 се на респиратор.

Починаа четири лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 5.260 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 149 починале и 4.373 се опоравиле. Во моментов има 2.662 лица во самоизолација.

До денес, тестирани се вкупно 121.320 лица, од кои 984 во последните 24 часа.