Во Хрватска 30 нови случаи на корона вирус


 

Во Хрватска во послендите 24 часа, со корона вирус заразени се уште 30 лица. Во моментот, бројот на активни случаи во Хрватска е 117, пренесе Индекс.

Дванаесет од новозаразените се од главниот град Загреб. До сега тестирани се 73.093 лица, од кои 347 во последните 24 часа. На болничко лекување има 16 пациенти, но ни еден на респиратор.

„Придржувањето на сите досега донесени мерки и упатства е од клучно значење, затоа што со одговорно однесување може да го намалиме ширењето на заразата од корона вирус. Секој мора да биде свесев за одговорноста за сопственото здравје, здравјето на семејството и сограѓаните“, порачаа од Националниот штаб за цивилна заштита.