Во Хрватска 3.117 новозаразени, починаа 49 луѓе


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 3.117 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни изнесува 15.380.

Од нив 2.201 пациент се на болничко лекување, од кои 230 на респиратор.

Починаа 49 лица или вкупно досега 6.692 од почетокот на епидемијата.

Досега во Хрватска се заблежени 313.423 заразени, а оздравеле 291.351лица.

Тестирани се вкупно 1.723.697 од кои 10.523 во последните 24 часа.

Вакцинирани се 565.164 лица.

Денешниот удел на новозаразени од вкупниот број тестирани изнесува речиси 30 отсто, додека пред една недела беше 21,42 отсто.

Во минатата недела инциденцата во Хрватска изнесува 3.736 на милион луше, а според Worldometers, тоа е најлоша состојба во цела Европа, со неделан пораст од 19 отсто.