Во Хрватска 262 нови случаи со Ковид-19


Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска, како што најави вчера, новите податоци за состојбата со корона вирусот ги објави во 10 часот, а во ова деноноќие регистрира 262 нови случаи.

Активни се 2.727, од кои 229 пациенти се во болница, а 13 на респиратор.

Почина еден пациент.

Вкупно во Хрватска со корона вирус се заразиле 10.123 лица, од кои 184 починаа, а 7.212 оздравеа. Во самоизолација се 8.879 лица.
До денеска тестирани се 166.638 лица, од нив од вчера од 12.15 часот до денеска до 7.45 часот спроведени се 922 тестирања.

Веројатно денешната бројка е помала, затоа што не поминале 24 часа, со оглед на сменетото време на објавување на податоците.