Во Хрватска 255 новозаразени, но починаа 55 пациенти од Ковид-19


 

Во последните 24 часа забележани се вкупно 255 нови случаи на зараза со корона вирусот, а со нив во Хрватска активни се 6.946 случаи.

Меѓу нив 2.437 пациенти се на болничко лекување, од кои 219 на респиратор.

Починаа 55 пациенти или вкупни 4.016.

Од првиот случај досега во Хрватска од корона вирус заболеа 212.262 лица, 201.300 оздравеа, од кои 1.480 во последните 24 часа.

Во самоизлоација се 20.585 лица.

До денеска тестирани се вкупно 1.026.480 лица, а 1.740 во последното деноноќие.