Во Хрватска 151 новозаразени


 

Во последното деноноќие во Хрватска регистриани се 151 новозаразен со корона вирус, а почина еден пациент, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Во моментот бројот на активни случаи е 1.185.

Од нив 126 пациенти се во болница, а 11 се на респиратор.

Досега во Хрватска се потврдени вкупно 6.571 случај со корона вирус, а 166 починаа, додека 5.220 оздравеа.