Во Холандија уапсен маж кој киднапирал и држел во изолација шестчлено семејство

Маж (58) е уапсен откако холандската полиција пронашла шестчлено семејство кое со години живеело на една фарма во изолација. Тој утре ќе се појави пред суд под обвинение дека противзаконски лишил од слобода и предизвикал штета по здравјето на други лица.

Како што пренесуваат медиумите, тој изнајмил семејна куќа во која семејството, петмина браќа на возраст од 18 до 25 години и нивниот татко, ги држел затворени во една соба девет години.

Неговиот идентитет не се наведува. Тој ќе биде обвинет за киднапирање.

Како што пренесуваат локалните медиуми, семејството го чекало „крајот на светот“, живеејќи во изолација на имот кај селото Руинерволда, северна Холандија.

Тие се откриени кога еден нивни член, најверојатно најстариот брат, избегал и побарал помош во ресторанот во близина.

Браќата преживувале хранејќи се со зеленчук и животни што ги одгледувале на имотот.