Во Холандија повеќе од 8.000 новозаболени


Холандија забележа нов негативен рекорд по бројот новозаразени од корона вирус.

Денеска се регистрирани повеќе од 8.000 заболени, а починаа 29 лица, соопштија од Националниот институт за јавно здравје.

Бројот на потврдени случаи со корона вирус денеска е 8.114, пренесе Ројтерс.

Во Холандија од последиците на корона вирусот, од почетокот на пандемијата починаа 6.737 луѓе.