Во Грција заразени уште 295 луѓе, седум пациенти починаа

Во Грција во последните 24 часа потврдени се нови 295 случаи со Ковид-19, додека од последиците на болеста починаа уште седум пациенти.
Меѓу новопотврдените 40 случаи се на граничните премини, а 48 се поврзани со познати кластери, пренесе АНА.
Во Грција од почетокот на пандемијата со корона вирус заразени се 22.652 луѓе, а починаа 456.
На респиратор се 91 пациент.