Во Грција за сите „направи сам“ бесплатни тестови на Ковид-19


 

Грчката влада потврди дека ќе одобри дистрибуција на бесплатни куќни тестови за Ковид-19 од следниот месец за да се ублажи притисокот на здравствениот систем кој се бори со голем број нови инфекции.

Ројтерс пренесе дека врз основа на ослуката секој грчки граѓанин кој е здравствено осигуран има право во текот на еден месец да добие четири кучни тествои за корона вирус и тиа ќе бидат дистрибуирани преку аптеките.

„Тоа е ново средство во нашата борба против пандемијата. Тестовите ќе овозможат подобар епидемиолошки надзор и превенција“, соопшти кабинетот на грчкиот премиер.

Владата појасни дека куќните комплети за тестирање имаат стапка на точност од 95 до 99 отсто, полесно се користат од брзите тестови, врз основа на примерок од носот и плунката место брис од назофаринксот кој се користи за брзите тестови, а тие на кои тестот ќе им биде позитивен ќе добијат упатство како да го пријават до здравствените власти за понатамошно следење на инфекцијата.