Во Грција регистрирани 2.835 нови случаи на Ковид-19 и починаа 38 лица


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.835 нови случаи на Ковид-19, а починаа 38 лица.

Вкупно 366 пациенти се приклучени на апарати, односно 30 повеќе од вчера.

Од почетокот на епидемијата, во земјата има 72.510 случаи на Ковид-19, а се регистрирани 1.035 смртни случаи.