Во Грција пронајдени телата на тројца планинари кои се воделе како исчезнати

Грција– Грчката противпожарна служба соопшти дека се пронајдени телата на тројца планинари кои се воделе како исчезнати.
Тројцата планинари на возраст меѓу 50 и 55 години во саботата наутро тргнале да се искачат на планината Хелмос, висока 2.355 метри, на Пелопонез, во југозападна Грција, објави АП.
Тие го паркирале својот автомобил кај ски-центарот Калаврита, во близина на истоимениот град и оставиле телефонски број за контакт на операторите од одморалиштето.
Операторите за локалните медиуми изјавиле дека синоќа ги алармирале спасувачките служби, кога забележале дека автомобилот и натаму е на паркингот.
Обидите да се јават на бројот за контакт биле неуспешни.
Спасувачката служба активирала специјална единица за спасување, 22 пожарникара, два хеликоптера и оператори со дронови. Кацига и јакна биле пронајдени попладнево, а неколку часа подоцна и три тела.