Во Грција од Ковид-19 починаа уште 85 лица, а регистрирани се 693 новозаразени


ационалната организација за јавно здравје на Грција попладнево соопшти 693 нови случаи на Ковид-19 и 85 починати, јави дописничката на МИА од Атина.

Бројот на новозаразени е најнизок на дневно ниво во изминатите месец и половина, но е помал и бројот на направени тестови во споредба со претходните денови.

На Одделите за интензивна нега, приклучени на апарати се 552 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани вкупно 124.534 позитивни случаи, а починаа 3.625 лица.