Во Грција 315 нови случаи со корона вирус


 

Во Грција денеска се регистрирани 315 нови случаи со Ковид-19, од кои 19 се откриени на граница.

Според податоците на националната организација за јавно здравје, вкупно се заразени 17.228 луѓе, а досега починаа 376, пренесе АНА:

Во моментот на респиратори се 68 пациенти, а многу повеќе на интензивна нега, додека надлежните се загрижени за капацитетот на здравствениот систем, ако тој тренд продолжи.