Во голем пожар во Пула изгореа 25 автомобили пред автомеханичарска работилница


Голем пожар во хрватскиот приморски град Пула се гасеше денеска повеќе од честири часа. Штетите се огромни.

Пожарот избувнал во 11.50 часот претпладнево, но за среќа, освен материјална штета, нема жртви.

Шефот на пожарникарите Дино Козлевац потврди дека пожарот е под контрола.

„Пожарот е под контрола, но не можеме да утврдиме дали е локализиран, затоа што „канадерите“ уште се тука. Сега слетаа по редовна процедура по гориво во Задар, а пилотите имаат пропишано време за одмор и тиае без разлика на временските услови, до вечер ќе бидат на ова подрачје“, вели Козлевац.

Досега изгореле околу 40 хектари белогорична и црногорична шума, како и ниски растенија, а во гасењето на пожарот учествувале 76 пожарникари и 29 возила, а многу граѓани помагале во гасењето, бранејќи ги своите куќи.

„Никој не настрада, ниту е повреден, не настрада ни еден станбен објект туку само стопански објекти, но и 25 возила кои не биле во возна состојба, во двор на автомеханичарска работилница, која исто така нагорела во пожарот“, наведе Козловац, пренесе Индекс.

На прашањето дали пожарот бил подметнат, со оглед на тоа дека во два дена избија два големи пожари на тоа подрачје, Козловац вели дека се сомневаат оти пожарот е подметнат. Но, вели дека тоа треба да го утврди истрагата.