Во Германија уште 286 заразени, 11 починати


Бројот на потврдени случаи од корона вирус во Германија порасна денеска за 286, па вкупниот број заразени сега изнесува 181.482, соопшти Институтот „Роберт Кох“.

Во изминатите 24 часа починаа 11 лица, па вкупно до сега во Германија од Ковид-19 починаа 8.500, пренесе Ројтерс.