Во Германија се бара укинување на божиќната расвета


 

Најголемата германска организација за заштита на околината, Германска помош на околината, побара заради заштедување на енергија оваа година граѓаните да се откажат од божиќното осветлување

„Оваа година, само по себе, би требало да биде разбирливо да дојде со одрекување од божиќното осветлување, како во приватниот така и во јавниот сектор“, рече директорот на Германската помош за околината, Јурген Реш.

Тој предложи божиќното осветлување да се сведе дамо на едно поставено божиќно дрво во град.

„Мислам дека би требало да застанеме и да размислиме како ќе постапиме оваа година со оглед на војната во Украина, енергетската криза, но и за заштита на околината“, рече Реш.

Според него, само приватната потрошувачка на електрична енергија ва божиќно осветлување во германија изнесува 600 милиони киловат часови, што е доволно за годишно снабдување со струја на град од 400.000 жители, Голем „потенцијал за штедење“ Реш гледа и при осветлувањето на градовите оваа година.

„Мислам дека свесното откажување, штедењето и искажувањето солидарност може овој Божик да го направат посебен“, додаде тој.

Во Германија од почетокот на август на сила се мерки за штедење енергија во јавниот простор и во институциите. Така, до пролет укинато е посебното осветлување на спомениците и јавните објекти, а греење во јавните установи е ограничено на 19 степени Целзиусови во канцелариите. Исто така, забрането е ноќносото осветлување на излозите со исклучок на оние кои се наоѓаат во пешачките подвозници кои служат за безбедно осветлување.