Во Германија пронајдени три лица убиени со самострел


Германската полиција соопшти дека ја истражува смртта на три лица, кои се пронајдени убиени со самострел во една хотелска соба.

Полицијата ги пронашла мртви еден маж на 53 години и две жени на возраст од 33 и од 30 години во хотелска соба.

Се уште не е познато во каков однос биле жртвите и што точно се случило во хотелската соба.