Во Германија повеќе од 25.000 новозаразени

Германија регистрираше 25.255 нови случаи на инфекција со корона вирусот во изминатите 24 часа, соопшти Институтот за заразни болести Роберт Кох.
Вкупниот број на потврдени случаи на инфекција достигна 7.535.691.
Во последните 24 часа германските здравствени власти регистрираа и 52 нови смртни случаи поврзани со Ковид-19. Вкупниот број на починати од Ковид е 114.029.