Во Германија потврдени повеќе од 10.000 новозаразени


Во германија се потврдени нови 10.824 случаи со корона вирус, соопшти денеска Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“.

Во истиот период од последиците на вирусот починаа 24 лица, пренесе Ројтерс.

Од почетокот на пандемијата од Ковид-19 во Германија заболеа 801.327, а починаа 12.547 лица.