Во Германија нови 500, во Бугарија 140, а Унгарија само 10 со Ковид-19


 

Бројот на потврдени случаи од корона вирус во Бугарија денеска достигна 4.831, откако беа пријавени нови 140 во последните 24 часа.

Активни се 2.026 случаи, од кои 434 пациенти се во болница, со 31 на интензивна нега, пренесе БТА:

Оздравена уште 74 пациенти од Ковид-19, со што вкупно се оздравени 2.852. Починаа уште четворица, па вкупно бројот на починати е 223.

Во Унгарија денеска се потврдени сао десет новозаразени, па вкупно има 4.155. Нема починати во последните 24 часа, па бројот на жртви остана 585, објавено е утврово на владиниата страница koronavirus.gov.hu.

Активни се 878, пренесе МТИ, додека најмногу заразени има во Будимпешта.

Во Германија пак, потврдени се нови 498 случаи, така што вкупниот број на заразени изнеува 194.259, покажуваат денешните податоци од Институтот за заразни болести „Роберт Кох“. Од корона вирус починаа 12 лица, со што вкупно починати се 8.973, пренесе Ројтерс.