Во Франција повеќе од 60.000 заразени за еден ден


Рекордни 60.486 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Франција во последните 24 часа, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

 Во истиот период починале 828 пациенти.

Од почетокот на пандемијата, речиси 40.000 луѓе починаа, а над 1,6 милиони се заразени.