Во Франција половината од заразените со Ковид-19 на интензивна нега се под 60 години

1201966999

Франција– Повеќе од половината 300 инфицирани со новиот коронавирус во Франција, кои се на интензивна нега, се на возраст под 60 години, соопшти денеска Националната агенција за здравје.

– Имаме 300 сериозни случаи на одделението за интензивна нега. Имаме многу сериозни случаи помеѓу воозрасните и над 50 проценти од пациентите на интензивна нега се на возраст до 60 години, изјави Жером Саломон од Националната агенција за здравје.

Во Франција вчера се потврдени 5.423 инфицирани со Ковид-19, од кои 127 починаа.