Во Франција 753 нови смртни случаи од Ковид-19


Во Франција од почетокот на епидемијата со Ковид-19 починаа 17. 920 лица, односно 753 нови смртни случаи за последните 24 часа.

Според информациите кои ги даде генералниот директор за здравство Жером Саломон, од вкупно 17.920  смртни случаи, 11.060 се регистрирани во болниците, додека 6.860 во старечките домови и социјалните установи.

Вечерва на болничко лекување се наоѓаат 31.305 лица, од кои 6.248 на интензивна нега.

Франција, според Жером Саломон, и покрај намалувањето на хоспитализираните пациенти и тие примени на интензивна нега, „се уште се наоѓа на платото, а не на врвот од епидемијата“.

Околу 32.000 лица се излекувани од почетокот на епидемијата.

Од Ковид-19 во Франција, според направените тестови официјално биле заразени 108.847 лица.