Во Федерацијата БиХ се воведува полициски час

Кризниот штаб на Федерацијата Босна и Херцеговина воведе ограничено движење на жителите, од 23 часот до 5 часот на утро, а одлуката стапува на сила утре.
Исто така, се ограничува собирањето на максимум 30 луѓе надовр и внатре.
Од ограничувањето се ослободуваат оние кои работат ноќни смени со валидна потврда од работодавецот, како и јавните службеници што работат на спроведување на мерките.
Кризниот штаб ги донесе овие мерки заради влошување на епидемиолошката состојба со корона вирусот, непочитувањето на досегашните мерки и зголемување на ширењето на заразата.
Надлежните ќе ги преиспитуваат мерките секои седум дена.
Продолжена е мрката за носење маски надвор и внатре.