Во Федерацијата БиХ и во Брчко 107 новозаразени, 15 починаа
Во Федерацијата Босна и Херцеговина и Дистриктот Брчко во последните 24 часа извршени се 920 тестирања, а забележани се 107 новозаразени со корона вирус. Починаа 15 луѓе. Властите од Република Српска не објавија податоци за овој ентитет, веројатно поради Велигденските празници, што беше пракса и лани.
Во Федерацијата од 914 тестирани, 104 биле позитивни. Досега тестирани се 631.660 примероци, а корона вирусот е потврден кај 130.722 лица.
До денеска излечени се 112.750.
Денеска пријавени се 15 смртни случаи, а вкупно досега 4.934.
Во Брчко тестирани биле само шестмина, а тројца биле позитивни.