Во фабриката во Тетовско изгореа 14 тони хемикалии


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека во повторен разговор со сопственикот на магацинот добиле имформација дека се опожарени 14 тони бои, лакови и други хемиски препарати, а не 100 како што известиле вчера.

„Поголем дел од магацинот бил железарија а мал дел за бои, лакови и деуги хемиски препарати. Од вчера до денес врне слаб дожд а во текот на ноќта дувал и слаб северен ветер кои помогнале ПМ честиците во воздухот да дојдат во нормални граници поради што нема потреба од мерки за заштита од дополнително загадување. Во текот на денот ќе бидат земени примероци од почвата и водата заради дополнително испитување“, вели Ангелов.