Во фабрика во Куманово почина 22-годишен работник од Скопје


Во средата, во 14.30 часот било пријавено дека во производствен погон во фабрика во Куманово, А.Д.(22) од Скопје, додека извршувал работни задачи, паднал и од здобиените повреди починал на местото.

Од страна на лекар била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.