Во Европа полошо отколку во остатокот од светот


Европскиот центар за контрола на болести соопшти денеска дека на континентот сега има повеќе од милион заболени од ковид-19, а дела околу 100.000 Европјани починаа.

Според податоците објавени на веб-страницата на центарот, најмногу случаи во Европа се забележани во Шпанија – 191.726, а следат Италија, Германија, Велика Британија и Франција, пренесе АП.

Со 23.227 жртви Италија е прва земја во Европа по смртност од корона вирус, а следат Шпанија, Франција, Британија и Белгија.

Во Европа се наоѓаат речиси половина од сите заболени од корона вирусот во светот и повеќе од половината умрени.