Во експлозија во Белгија уништени три куќи, еден настрадан


Во силна експлозија што го потресе предградието на Антверпен во Белгија, повеќе куќи се уништени, а едно лице е извлечено од под урнатините.
Противпожарната служба соопшти дека можно е под урнатините да има уште затрупани во јужното предградие на градот, пренесе Ројтерс.
За сега не е позната причината за експлозијата.