Во еден ден најдени тројца починати


Две тела во фаза на распаѓање во две различни живеалишта во Скопје и една почината жена во Битола биле најдени во изминатото деноноќие соопшти полицијата.

Имено, во петокот, во 14.53 часот во СВР Скопје, Б.П. пријавил дека на ул.„Анастас Митрев“ од стан во кој живеел У.И(42) неколку дена се шири непријатна миризба. При полициската интервенција во станот било затекнато телото на У.И. во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обинител телото е предадено на обдукција.

Истиот ден, во 15,51 часот во Полициска станица Бит Пазар, И.Ч од Скопје пријавил дека во разрушена куќа на ул. „Филип Втори“, сопственост на Х.М.(63) од Скопје пронашол мртво тело во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

А во 18.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Леринска“ во Битола во сопствената куќа била пронајдена почината О.Р. (67) од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.