Во два дена во Загреб уапсени 18 луѓе поврзани со Бандиќ


Во големата аакција на УСКОК која опфаќа пет краци на корупција во Загреб, Хрватска, уапсени се 18 луѓе.

Пет краци на големата акција

Првиот крак се однесува на митото што го земал поранешниот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ, кому, во име на својот роднина, претприемачот Милан Лончариќ, му го носел шефот на ХРТ Казимир Бачиќ. Се работи за мито од 50.000 евра, а Бачиќ за својата улога како награда добил стан на престижна локација во Загреб.

Вториот крак се однесува на Адвентот, односно божиќна манифестација, која се одвива во центарот на Загреб, а каде се организираат концерти и настани и поставени се бројни штандови. Постои сомнеж дека Бандиќ со таканаречените кралеви на Адевентот поделил пет милиони куни мито.

Третиот крак се однесува на местење натпревар за шеф на болницата „Сребрењак“, за што се товари Ана Стављениќ – Рукавина.

Четвртиот крак се однесува на затајување на данок на кантите за ѓубре кои се дадени на градот. Осомничените за оваа измама се уапсени во средата.

Во петтиот крај вчера се уапсени девет лица, осум претприемачи и со нив поврзани лица и двајца функционери на градот.

Како што открива Индекс, во последната акција, претприемачи давале мито на функционери од градот за да им се издаде дозвола за градба на пристап за противпожарни возила од 500 до 5.000 евра. Дозволата, на крај, е издадена.

Покрај уапсените претприемачи и функционери од градот, има и архотекти кои се поврзани во целата коруптивна мрежа. Врз основа на семејна поврзаност, градот доделува и работа на други претпиемачи, кои победуваат на натпреварите.

Сега починатиот градонаќалник на Загреб, Бандиќ, овозможувал на некои од уапсените да закупат простор по поволни услови.

Директорот на ХРТ Казимир Бачиќ, негов роднина кој го подмитил Бандиќ и кралевите на Адвентот се во притвор. Имено, во затвор се шестмина од уапсените кои се поврзани со коруптивните акции на покојниот градоначалник. Бачиќ е притворен заради можност за влијание на сведоци.

Во затвор се и функционери од институцијата која издава дозвола за закуп, односно доделување штандови на Адвентот како и ткн. крал на Адвентот Денис Мохенски.

За овие коруптивни недела Бандиќ, со доделувањето на штандовите, им овозможил добивка од најмалку 5 милиони куни.

Од слобода ќе се брани Ана Стављениќ – Рукавина, а нејзината соработничка која е во болница, потоа оди во истражниот затвор. Се очекува сите адвокати на осомничените да се жалат на одлуката за притвор. Тие две како членки на Управниот одбор на болницата „Сребрењак“, по влијание на Бандиќ овозможиле избор на директор на болницата.

УСКОК и полицијата во четвртокот во Загреб продолжија со антикорупциската акција, па според неофицијални информации уапсени се 10 лица, осум претприемачи и двајца вработени во градот.

Игор Максимилијановиќ, шеф на фирмата „Добра реклама“, уапсен е за затајување данок. Тој со Бандиќ постигнал договор да постави канти за отпадоци со ркламни паноа. Се работи за 1.012 кошеви за ѓубре од 2013 до 2019 година, а се сомничи дека имал вкупна материјална добивка од 580.611,83 куни, со што е оштетен буџетот на Хрватска за 346.359,69 куни, а буџетот на градот за 234.252,14 куни.