Во Драч откриени 26 кг чоколадо со марихуана


 

Три лица се уапсени во Албанија, во пристаништето Драч, поради обидите за криумчарење 26 килограми чоколадо со марихуана, пренесуваат албанските медиуми.

Уапсени се менаџер и двајца возачи на автобус со кој чоколадото со канабис се пренесувало од Италија, пренесе Albanian Daily News.

Порталот прецизира дека уаспени се албански државјани на возраст од 31, 49 и 59 години, од Драч, Тирана и Пермет.

Марихуаната е запленета, а случајот е предаден на тужител во Драч.