Во Дебар ќе се прави скрининг на имунитетот од корона вирус


Фото: Б. Грданоски

По донацијата од 20 илјади тестови за анализа на антитела во Дебар, со оглед дека нема нови дијагностицирани, ќе се прави скрининг на 20-30 отсто од населението за да се процени имунитетот, што ќе помогне во натамошните активности, рече на денешната прес конференција министерот Венко Филипче.

Исто така, направен е распоред и за делење на заштитните маски кои стигнаа како донација од Чешка, вкупно еден милион и тие ќе бидат дистрибуирани по сите установи согласно потребата.

Со терапијата која е комбинација на двата лека, министерот Венко Филипче нагласи дека излекувани се неколку пациенти за кои претходно е информирано дека се пуштени дома.

Лекување ќе се прави и до крвна плазма од оздравени пациенти, а  за ова лекување Филипче вели дека веќе е изготвен протоколот.

За најмладиот заболен пациент кај нас, односно за 4 месечното бебе кое е заразено со ковид-19 министерот Филипче рече дека е во добра здравствена состојба.