Во Данска откриена уште една мутација на коронавирусот

Во Данска во повеќе од 1.600 примероци откирена e нова, мутирана верзија на Ковид-19.

Данските научници од Државниот институт за серуми изразија загриженост поради откритието на новиот вид вирус го нарекоа Н439К.

– Важно е да следиме како се шири ова варијанта на коронавирусот и да востановиме дали ширењето е изразено кај најризичните групи, истакна Тира Грове Краусе од Данскиот институт за серуми.

Таа додаде дека Н439К не е ист како новиот вид на Ковид-19 што беше откриен во Велика Британија, ниту со видот што претходно беше откриен кај канадските куни што се одгледуваат во Данска.

Данскиот институт за серуми наведува дека Н439К е откриен уште во мај во Романија, но сега најраширен е во Ирска, Чешка, Швајцарија, Англија, Австралија и на Нов Зеланд.