Во Црна Гора од 790 тестирани, дури 235 позитивни на Ковид-19

 

Во Црна Гора во последните 24 часа потврдени се 235 новозаразени меѓу 790 тестирани, додека од последиците на Ковид-19 починаа тројца пациенти.

Вкупниот број активни случаи изнесува 3.671, а во последните 24 часа оздравеле 191 пациент.

Од почетокот на епидемијата во Црна Гора од последиците на Ковид-19 починаа 158 пациенти, а од јуни 149.

Вкупниот број заразени е 10.197, пренесе „Вијести“.