Во Црна Гора нема повеќе заболени од Ковид-19


Во Црна Гора нема повеќе заболени од новиот корона вирус, 68 дена од првиот забележан случај, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на таа земја.

Во последните 24 ласа тестирани се 140 лица, пренесе Вијести, a нема регистрирано ни еден позитивен случај.

Како што се наведува, од избивањето на епидемијата вкупно 324 лица заболеа од корона вирус во Црна Гора, од кои 315 оздравеа, а девет починаа.

Освен Црна Гора, во Европа, само територијата на Фарските Острови, исто така од 8 мај нема активни случаи заболени од корона вирус.