Во Црна Гора македонските граѓани веќе не ќе може да влезат без карантин


Македонија веќе не е на листата на Црна Гора за слободен влез во оваа земја без задолжителен карантин.

Како што соопшти на Твитер Владата на Црна Гора, поради зголемување на бројот на лица позитивни на ковид-19, од листата се отстранети Македонија и Ирска.

Тоа значи дека секој македонски државјанин кој има намера да оди во Црна Гора, ќе мора претходно да оди во задолжителна 14-дневна изолација. Во Црна Гора во моментов нема активен случај на Ковид-19.

„Институтот за јавно здравје на Црна Гора ја ажурираше листата на држави со стапки на активни случаи на Ковид-19 со помалку од 25 на 100 илјади жители, што подразбира влез во Црна Гора без карантин. На листата веќе не се Северна Македонија и Ирска во кои по денес потврдените случаи стапката се зголеми“, се вели на официјалниот Твитер профил на Владата на Црна Гора.