Во Црна Гора 211 новозаразени, починаа четворица


Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 211 позитивни случаи на корона вирус, при анализа на 764 примероци.

Притоа, во последното деноноќие пријавени се четири смртни случаи од Ковид-19, со што вкупниот број на починати се искачи на 221.

Во последните 24 часа пријавени се 154 пациенти кои се излекувале, при што вкупниот број на активни случаи моментално изнесува 4.096.