Во Чифте амам во тек е изложбата на фотографии „Али Фети Окјар – истомисленик и соработник на Ататурк“
Во Чифте амам во тек е изложбата на фотографии „АЛИ ФЕТИ ОКЈАР – ИСТОМИСЛЕНИК И СОРАБОТНИК НА АТАТУРК“ , проект на Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.
Истата, беше во рамките на Програма за остварување на национален интерес во областа на културата за 2023 година финансирана од Министерството за култура, кој беше препознат и како можност за развивање на меѓуинституционалната и меѓунационалната соработката во Република Северна Македонија, но и соработка со Република Турција.
Раководител на проектот е Рубинчо Белчески, историчар кустос советник.
Изложбата е поставена на 12 алуминиумски банери кои содржат околу 150 фотографии и текст (на македонски и турски јазик) кој се однесува на прилепчанецот Али Фети Окјар, војник, дипломат и политичар кој извршувал високи функции во Османска и Република Турција, пратеник, министер, премиер, претседател на Национално собрание, амбасадор во Бугарија, Франција и Велика Британија, како и за неговата соработка со Мустафа Кемал Ататурк. Едноставно кажано, Али Фети Окјар бил човек со биографија која фасцинира.
За изложбата беше подготвен и каталог со текст на македонски и турски јазик, кој во суштина е презентирана целокупната изложба, бидејќи истата е поставена на 12 банери, па според тоа, каталогот има 12 страни.
Изложбата досега е поставена во неколку градови низ Р.С.Македонија.