Во чест на Мет Гала: Ѕвезди со најубави модни додатоци, суптилни и бизарни


САД- Сите обожаватели на модата знаат дека секој прв понеделник во мај е најголемиот ден во годината или како што го нарече поранешниот главен уредник на списанието “Вог”, Андре Леон Тели, во новиот документарец – Супербоул за модата.

Мариза Беренсон, 1974

Институтот за костимографија на њујоршкиот музеј “Метрополитен” секоја година одржува тематска изложба, а уредничката на американскиот „Вог“ Ана Винтур, како домаќинка и советник на Ендру Болтон, кустосот на Институтот за костимографија , го организира добротворниот престижен настан, со најголемите холивудски ѕвезди на црвениот килим.

Палома Пикасо, во Каролина Херера, 1980

Винтур, изминатиов месец , изјави дека црвениот килим и годинашната изложба на музејот „Метрополитен“, ќе бидат одложени заради пандемијата на коронавирусот, разочарана од справувањето на ситуацијата од страна на претседателот Доналд Трамп .

Клаудија Шифер, во Шанел,1995

„Поради неизбежната и одговорна одлука на музејот Метрополитен да ги затвори своите врати,„ и престижниот црвен килим, со хуманитарен аспект, ќе биде одложен за подоцнежен датум“, соопшти Винтур во објавата на веб-страницата на Vogue.

Дајана Рос, 2001

Тема на изложбата  беше „За времето: Мода и времетраење“, што требше да се отвори на 7 мај, а ќе имаше 160 парчиња женска мода од последните 150 години и пошироко, откри „Њујорк тајмс“. Изложбата, годинава беше поддржана од модната куќа „Луј Витон“  и ќе ја одбележеше 150-годишнината од Мет,е делумно инспирирано од Вирџинија Вулф и теориите на францускиот филозоф од почетокот на 20 век, Анри Бергсон.

Иман, 2003

Најпочитувата актерка во Холивуд, Мерил Стрип, за прв пат ќе прошеташе на црвениот килим на „Мет гала“ во Њујорк. Заедно со актерите Ема Стоун и Лин Мануел Миранда ќе беа ко-домаќини на Ана Винтур на 4 мај.

Кејт Мос, во Марк Џејкобс, 2009

Во чест на Мет Гала, „Вог“ ги избра 16-те најубави модни додатоци носени на црвениот ќилим, најпрестижен по оскаровскиот.

Мадона, во Луј Витон, 2009
Сара Џесика Паркер, круна на Филип Трејси, 2013
Карен Елсон, во ДиГ, 2015
Селена Гомез, во Вера Вонг, 2015
Бијонсе, во Живанши, 2014
Ријана, во Стефен Џонс, 2018
Џаред Лето, во Гучи, 2018
Селин Дион, во Ноел Стјуарт, 2019
Лупита Нјонго, во Вернон Франсоа, 2019