Во Чешка забележан најголем борј новозаразаени во последните два месеца – 127


 

Чешка вчера забележа рекордни 127 нови случаи со корона вирус, објавија денеска влластите, што е најголем број новозаразени во последните два месеца, додека државата ги ублажува мерките.

Чешка, земја со 10,7 милиони жители, до денеска има речиси 11 илјади заболени, а починаа 344.

Чешката влада беше меѓу првите кои во средината на март одлучи да ги затвори училиштата, границите и продавниците, пред да има макар и еден смртен случај од Ковид-19.

Сега пак, постепено се укинати повеќето рестриктивни мерки освен обврската да се носат маски в затворени простории, ограничено работно време на кафулињата и поголеми културни настани, а властите најавија дека во иднина ќе се потпираат на локални карантини, следење контакти и тестирање место затворање на целата држава.