Во Чешка до 20 ноември продолжена вонредната состојба поради Ковид-19

Чешкиот Парламент одлучи да ја продолжи до 20 ноември вонредната состојба воведена на 5 октомври поради Ковид-19. Одлуката беше донесена со 86 наспроти 11 гласа во Парламентот.

Чешка, со 10,7 милиони жители, е меѓу европските земји со најсериозно зголемување на бројот на корона вирус инфекции во Европа. Државата се бори со една од најбрзо растечките стапки откако вкупниот број на случаи се искачи на повеќе од 280.000, а смртните случаи надминаа 2.500.

Владата на премиерот Андреј Бабиш инсистираше продолжувањето да биде до 3 декември, но предлогот не беше прифатен.

Меѓу земјите во Европа што прогласија вонредна состојба се Шпанија, Франција, Полска… додека Белгија воведе строг карантин.