Во Чешка нагло се зголемија новозаразените и бројот на починати


Во Чешка последните денови, нагло почна да расте бројот на заболени од Ковид-19 со потешки симптоми кои бараат сместување во болница како и бројот на смртни случаи.

Според утринските податоци во понеделникот, бројот на пациенти со Ковид-19 во болница од почетокот на септември е зголемен за пет пати, на 802, а на 181 е зголемен бројот на оние на кои им треба интензивна нега или респиратор.

Во последните 24 часа во земјата се забележани нови 1.305 позитивни случаи со корона вирус, што е трет најголем дневен пораст за неработен ден како недела и во текот на викендот кога се тестираат помалку, па е за очекување да има помалку заболени.

Чешка во последните 14 дена почна да бележи раст на новозаболените и починатите, поради што е втора во Европа, а до тогаш беше трета најдобра во Европа според малиот број починати и новозаболени на милион жители. Но, ако продолжи овој тренд состојбата ќе биде загрижувачка.