Во Центар бесплатен паркинг за новогодишните и божиќните празници


Бесплатен ќе биде паркингот за време на божиќните празници на сите отворени и затворени паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на општина Центар.

-По повод претстојните новогодишни празници Ве известуваме дека на 31.12.2020 година (четврток) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот, катната гаража до 17:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работи до 15:00 часот, соопшти денеска ЈП ПОЦ.

На 01.01.2021 година (петок) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ. А редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2021 година (сабота) со вообичаено работно време.

-За време на божиќните празници на 06.01. (среда) и 07.01.2021 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2021 година (петок) со вообичаено работно време, се наведува во соопштението.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.