Во бугарската Козлодуј ќе се гради нов блок во соработка со САД


Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов изјави дека е покрената постапка за испитување на можноста за изградба на нов блок во единствената нуклеарна електрана Козлодуј.

Тој додаде дека веќе е завршено истражувањето за влијанието врз животната средина.

Бугарската министерка за енергетика Теменушка Петкова и предложи на Владата да го овласти Бугарскиот енергетски холдинг (БЕХ) за разговори со енергетските компании од САД за можни опции за изградба на нов блок во Козлодуј.

Борисов истакна дека потенцијалниот проект треба да биде во согласност со долгорочната стратегија на Европска Унија за постигнување на климатско неутрално производство на енергија до 2050 година и со приоритеите на Европскиот зелен план.

– Проектот ќе биде реализиран со користење на современа технологија, со американски реактор и гориво, на овој начин ќе постигнеме сто процентна диверзификација, истакна во вторникот Борисов.

Нуклеарната централа Козлодуј работи со два реактори од руско производство, со капацитети од по 1.000 мега вати. Бугарија пред зачленувањето во ЕУ во 2007 година мораѓеда ги затвори четирите стари блокови во Козлодуј од по 440 мега вати, како одговор на Софија за загриженоста на Европска комисија за нуклеарната безбедност.