Во Бугарија уапсен руски државјанин поврзан со разорната експлозија во Бејрут


Бугарските власти денеска потврдија дека уапсиле руски државјанин, по кого трага Либан поради вмешаност во експлозијата во пристаништето во Бејрут во 2020 година.

На 6 септември на аеродромот во Софија уапсен е Игор Гречушкин, кој се враќал од Кипар. Тој има двојно државјанство руско и кипарско.

Бугарија ги побара потребните документи за Гречушкин за да може да го екстрадира во Либан.

На 4 август 2020 година во пристаништето во Бејрут експлодира магацин во кој бил складиран амониум-нитрат, при што загинаа 218 луѓе, повредени беа над 6.000 лица, а голем дел од Бејрут беше разурнат.

Ниту еден либански владин претставник не е осуден за инцидентот.