Во Бугарија се радуваат, Борисов ќе станел главен во ЕПП


„Џипот е веќе симбол на ЕПП“, порача преку Фејсбук пратеникот од ГЕРБ, Георги Марков, познат по неговата страсна поддршка за бугарскиот премиер. Ден претходно Европска народна партија (ЕПП) ја објави својата намера да ја исклучи партијата на Орбан од своите редови, што предизвика сериозни емоции кај Георги Марков.

„Бојко, честитки! Веќе сте таму старешнина на ЕПП! Пријатели, Бог е со Бојко, затоа градеше толку цркви. Орбан, како што веќе предвидов, излезе од ЕПП, Меркел заминува од политичката сцена како канцелар, а од неодамна и како лидер на партија. Нашиот Бојко станува старешина во ЕПП. Најдолго владее и со најмногу победи. Џипот заврши голема работа. Џипот е веќе симбол на ЕПП“, најави Марков.

Според Марков ова ЕПП не е истото со претходното. Ова, порача тој, е ЕПП на големиот обединувач на Германија Хелмут Кол, на Жак  Ширак, на Хозе Марија
Азнар, до Едмунд Шојбер. Ова не е ЕПП предводена од Мартенс и Орбан – како негов
потпретседател, кое имаше 270 европратеници и 16 премиери. Денес, со либералниот Доналд Туск и бриселско-баварскиот Вебер, ЕПП има сто помалку европратеници и 10 премиери помалку“, објасни Марков зошто Борисов ќе стане главен во групата народни партии.

Георги Марков има зад себе долга и повеќеслојна долга кариера. Во 70-тите години на минатиот век соработуваше со државата безбедност под псевдонимите „Стефан“ и „Николај“. Тогаш неговата задача била да „собере сигнали за подготовка и обиди за бегство преку границата” на лица од младинските кругови. По промените тој стана член на УДФ, потоа член на Уставниот суд, а последните години беше и пратеник од граѓанската квота во ГЕРБ. На крајот на јануари годинава Георги Марков најави дека повеќе не сака да стане пратеник. Само еден месец подоцна тој ретерираше: „Бојко ми се јави. Ми рече дека треба да бидам на списоците на ГЕРБ. Пријател ми е од 25 години, му требам, затоа се согласив. Сакам да му помогнам на Бојко да стане европски шампион со пет последователни победи на избори, една повеќе од Меркел и Орбан“.