Во Бугарија расте бројот заразени – заболеа 910, починаа 30
Во Бугарија денеска починаа 30 пациенти од корона вирус, додека заболеа уште 910, соопшти Министерството за здравство на таа земја.
Направени се 12.463 тестови, а 7,3 отсто биле позитивни на ковид, пренесе страницата sofiaglobe.com.
Четврт ден по ред, бројот на активни случаи расте, па во мементот има 20.727 пациенти со Ковид-19.